Експлозија во историскиот дел на Рим, загинати и ранети туристи


Еден вработен загинал, а лице во критична состојба е пренесено во болница по експлозијата во кафуле во историскиот дел на италијанската престолнина. Тешко повреденото лице најверојатно е странец, како и починатиот, пренесува агенцијата АНСА, повикувајќи се на болнички извори. Причина за смртта , велат од болницата, е труење со чад.rim-centar

Според првичните сознанија на полицијата најверојатно станува збор за експлозија предизвикана од краток спој на фрижидер кој се наоѓал во подземниот дел од кафулето на плоштадот Сан Лоренцо ин Лучина, во историското јадро на Рим.

Експлозијата предизвикала голема паника меѓу гостите во кафулето кои седеле на улицата пред локалот, а исто така и меѓу бројните туристи кои ги разгледувале историските знаменитости во близината.

Римската полиција соопшти дека се уште ги истражува околностите за инцидентот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1