Панчевски поднесе кривична против Катица Јанева


Судијата Владимир Панчевски, поднесе кривична пријава против специјалната обвинителка Катица Јанева и Злата Попова, претседателката на Основниот суд во Гевгелија, која нареди претрес кај него. Панчевски смета дека ова е кривична пријaва за кршење нa Законот за кривична постапка и на други закони.

– За првпат во историјата на Република Македонија, па и во историјата на модерна Европа на најбрутален начин со кршење на сите домашни закони и меѓународни стандарди јавно во предистражна постапка во која законот не дозволува дејствие на претрес кое е истражно дејствие и дел од истражна постапка – пишува во кривичната пријава на Панчевски.

Граѓанската судијка, Злата Попова, која е и претседателка на Основниот суд Гевгелија според пријавата на експретеседателот на кривичен, била блиска пријателка на Катица Јанева, лажно се претставила и потпишала службен документ „наредба за претрес на дом и лице“ надвор од сите законски и судски процедури.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1