Панчо ДНК: Со кршење и хулиганство не стигнуваме никаде, изборите да си го покажат крајниот епилог


Владимир Блажев или како што сите го познаваме Панчо од ДНК, се огласи преку социјалните мрежи по повод насилните протести кои се случуваат во нашата земја.panco-11-640x426

Тој го осудува и насилното однесување на демонстрантите кон полицијата, а порачува дека најдемократски начин е изборите да си го покажат крајниот епилог. Вели дека нема ништо против протести, но кажува НЕ за насилно однесување.

-…Сакам само да кажам дека со КРШЕЊЕ , ДЕМОЛИРАЊЕ , ВАНДАЛИЗАМ и ХУЛИГАНСТВО нема нигде да стигнеме . Факт е дека секој има право на свое мислење ама не значи дека ако на некој не му се допаѓаат нешто што е направено дека треба да се демолира. Сакав да прашам зашто не го корнеме, асвалтот или демолираме улиците и автопатиштата што никогаш не биле подобри од кога памтам за себе во Македонија . Често патувам па мислам дека сум компетентен да кажам . А можеби треба и градскиот стадион да го демолираме бидејќи е ” ГРД ” и сите оние спортски терени и игралишта ширум Македонија. Пак ќе кажам , нај човечки е и нај демократски ( колку што се разбирам во политика а не многу ) изборите да си го покажат крајниот епилог . Протести ДА одлично FREE WORLD , ама НЕ кршење , уништување и вреѓање на нашата полиција која само си ја извршува својата должност . И они се нечиви деца , сопрузи , татковци , мајки , роднини ………. Државата ни е полна со меѓусебна омраза и поделеност и затоа никогаш нема да идеме напред . Мојот апел е да има мир и соживот и да излеземе сите на избори и демократски и човечки да ја решиме работата.panco-dnk-za-protesti-640x684

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1