Паника на погребот на Ромео, заразил со ХИВ 40 жени


Вистинска паника завладеала на погребот на младиот Романец Даниел Деку (24), познат по љубовните врски и афери со повеќе десетици девојки и жени од градот Сегарч во југоисточна Романија, кога за време на неговиот погреб се обелоденило дека тој починал од СИДА.romeo-hiv
Младите и постари Романки кои пристигнале да се испратат со својот љубовник првично кренале паника и започнале да вриштат, а потоа ги нападнале членовите на неговото семејство на сред погребната церемонија, за подоцна веднаш да се упатат кон болница за да се тестираат од смртоносниот вирус. Во локалната болница се пријавиле вкупно 40 девојки и жени кои дале крв, а до сега потврдено е дека само две од нив се ХИВ позитивни.
Мајката е под истрага
Бизарниот случај предизвикал хаос во цела Романија и покренал и законски и морални прашања дали момчето, познато по надимакот Ромео, имал обврска на своите партнерки да им даде до знаење дека боледува од смртоносната СИДА. Всушност, лекарите потврдиле дека Даниел веќе подолго време знаел дека е ХИВ позитивен, но дека очигледно молчел за тоа, исто како и неговото семејство.
Со оглед на тоа дека никаква истрага не може да се спроведе над личност која е почината, сега мета на истражување се неговите татко и мајка.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1