Хив-Сидата се шири во Источна Македонија. За 5 недели има 5 нови случаи. Тројца од нив се студенти од штипскиот Универзитет. Најмладиот е на 19 годишна возраст а другите двајца имаат 24 и 25 години. Од 5-те новорегистрирани само еден имал Сида и веќе е починат. Останатите се носители на вирусот. Според епидемиолозите, бројките се алармантни а загрижува и начинот на пренос на болеста, пренесува Здравство24.
-Двајца од овие се од Штип, еден Кочани, еден Скопје и еден од Куманово. Кај овие од Штип и Скопје преносот е МСМ, маж со маж и еден интравенски корисник на дрога. зголем е бројот на ХИВ позитивни. Имаме и еден смртен случај кој е со Сида на 65 години, вели прим.др. Жарко Караџовски епидемиолог во ИЈЗ
Со последните 5, бројката на инфицирани годинава достигна до 31. Епидемиолозите алармираат – само за 8 месеци има повеќе од 27-те регистрирани во 2013. Дури 20 од нив вирусот го добиле по хомосексуален пат.
-Мора да кажеме дека бројот драстично се зголемува. Она што треба да се направи е поголема едукација и советување на популацијата, вели Караџовски.
Експертите велат дека во откривањето на случаите на ХИВ -СИДА има и зголемениот интерес за терстирање кое е доброволно, доверливо и бесплатно.
И додека во минатото најголем број од заразените беа сконцентрирани во Скопје и Тетово, сега болеста според податоците од ИЈЗ се шири на истокот од земјата.