Во Њујорк пред неколку дена во експлозија биле повредени 29 лица. Исто така, експлозија имало и во Њу Џерси, а во врска со двата случаи бил уапсен 28-годишниот Ахмад Кан Рахами, со потекло од Авганистан.
На интернет се појавила нова снимка од експлозијата во Њујорк на која е прикажан моментот на нападот. Луѓето безгрижно шетале, кога наеднаш одекнал силен удар.
Безбедносните камери на улиците го забележале моментот кога експлозијата го потресла овој дел од градот, а минувачите се разбегале на сите страни кога сфатиле дека се случува нешто чудно.
На снимката е забележен и еден маж во инвалидска количка, кој останал заробен во моментот на ударот.
Да потсетиме, Рахами е осомничен за учество во три инциденти во текот на викендот. Експлозијата на бомба покрај патот по кој трчале учесниците на добротворната трка во саботата наутро во Сисајд Парк во Њу Џерси, експлозијата на бомба во Њујорк кога биле повредени 29 лица, и поставувањето на експлозив во градот Елизабет во Њу Џерси во неделата навечер.