Жителите на Белград вчера беа вознемирени од жолти облаци кои се појавија на небото.
Од Хидрометеоролошкиот завод на Србија соопштиле дека облаците всушност се црни но поради отсјајот на Сонцето добиваат жолта боја.
Граѓаните на социјалните мрежи не ги земаат за сериозни објаснувањата на експертите тврдејќи дека ваква глетка до сега не била регистрирана во Србија иако имало илјадници слични случаи кога времето било облачно.