Ланецот за трговија „Идеa“ од продажба ќе повлече 75.000 конзерви од својот ланец производи со заштитен знак „Конзум К плус“, затоа што тоа е опасен по живот.
Во овие лименки Хрватскиот завод за јавно здравство и Министерството за здравство регистрирале зголемени концентрации на хистамин, што е голем ризик за децата и бремените жени ! Во соопштението од Министерството за земјоделство, рибарство и рурален развој на Хрватска се вели дека станува збор за серија чиј рок на употреба е до крајот на мај, 2015 Оваа серија има ознака на дното на лименката MN5DNN AL02SEA 3EW1H . Оваа туна која е увезена за „Конзум“ е од Тајланд.
За сега туната е повлечена од дел од маркетите низ Хрватска.