Паника во Кавадарци – Лав избегал од кафез на циркуска претстава


Лав ги преплашил кавадарчани во шаторот на унгарскиот циркус „Сафари” откако на претставата вчера попладне заштитниот кафез во кој се наоѓал паднал и животното се ослободило и се нашло очи во очи со публиката меѓу која имало и многу деца, јави Миа.


,,Беше на само неколку чекори од нас. Не фати паника и мислевме дека ќе се случи трагедија. Лавот почна да беснее што уште повеќе не исплаши. Дотрчаа луѓето од обезбедувањето. Еден од вработените во циркусот му даваше месо за да се смири. Неколкумина го туркаа настрана од публиката.

Го скротија животното со инјекции. Само присебноста и умешноста на вработените во циркусот спречија огромна катастрофа. Сепак, половината од од нас поради страв за своите деца го напушти циркусот но кога помина опасноста се вративме, објаснува кавадарчанка која присуствувале на преставата.,,

Настанот се случил во моментот кога се изведувала точката со лавот.
Од кавадаречката полиција денеска рекоа дека по пријава на граѓани излегле на место на настанот и по проверка и консултација со надлежните органи е констатиранио дека нема елементи на кривично-правен настан. Сопствениците биле предупредени да се погрижат повеќе за безбедноста на вработените, публиката и животните.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1