Паника во штипско: По 16 години затвор тргнал со список за острел (Видео)


Три кратниот убиец, 35-годишниот Шефаит Мастафа повторно во крвав пир. Вчера попладне околу 17 часот со автоматкса пушка во семејната куќа во потплачковичкото  с. Ебиплија испукал неколку куршуми кон неговиот брат Ќемал, при што му нанел прострелна рана во пределот на десната надлактица.puski-520x266

Ќемал веднаш е пренесен во штипската болница каде е задржан на лекување и е вон жовотна опасност. Шефаит побегнал од местото на настанот и сега сее страв помеѓу жителите од потплачковичките села во Карбинскиот регион, пренесе Сител ТВ.

Откако пред 16 години во с. Црвеулево со ловџиска пушка застрела три невини лица, а рани две, Шефаит беше осуден на 20 годишна затворка казна. Од затвор ислегол пред година и пол, а во межувреме набавил и автоматска пушка. Тој се заканувал дека има список за отстрел на 81 лице за кои сметал дека го предале на полициските власти. За последен пат е виден утринава во атарот на с. Црвулево, местото на злосторствотото од пред 16 години. Жителите не сакаат да зборуваат пред камера, заштоп стравуваат за нивните животи.

-Агресивен е. Додека не биде фатен не смееме да кажеме ништо-изјави жител на с. Црвулево, кој сакаше да остане анонимен

Според мештаните Шефаит по излегување од затвор покажал знчаци на ресоцијализација, се оженил и имал едно дете. Меѓутоа, откако ги нарушил односите со брат му, повторно се вратил на старо. Од полицијата засега не излегуват со конкретни информации, но потенцираат дека по него е распишана потерница и интензивно се трага.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1