Папа на сиромашните – се вози со автобус, сам готви, живее во станче (Видео)


По цели 1.300 години, на чело на Католичката црква за првпат застанува човек кој не потекнува од Европа. Имено, новиот папа е седумдесет и шестгодишниот Хорхе Марио Бергољо, кој што како папа ќе се нарекува Франциско Први.

papa nov44

Франциско Први стана и прв папа од редот на Језуитите во историјата, иако дури и во редовите на овој ред постојат “поплаки” поради тоа што новиот поглавар на Католичката црква потекнува од нивните редови.

Хорхе Марио Бергољо е роден на 17 декември 1936 година во Аргентина.

Иако пред него се предвидувала кариера на хемичар, во 1958 година започнал да студира теологија. По студиите во Германија, во 1992 година станал бискуп на Буенос Ариес, а во 1998 година се стекнал и со титулата надбискуп, а оваа своја функција ја извршувал се до денес.

papa mladТој се смета за значаен поддржувач на конзервативните ставови на Католичката црква и е голем поборник и активист во кампањата против сиромаштијата во светот. Кога во 2001 година станал кардинал, тој ги повикал верниците, наместо да доаѓаат кон Ватикан за со него да го прослават тој голем момент, да останат во своите домови и парите кои што би ги потрошиле за патот да ги донираат за хуманитарни цели.

Познат е по скромноста. Наместо во кардиналска палата одбрал да живее во скромен стан, се одрекол и од лимузините, па на работа оди со автобус или пеш, а самиот и си ги подготвува оброците.

Во добро сеќавање кај луѓето останал уште од 2001 година, кога при посетата на една болница, тој ги миел и бакнувал нозете на 12 пациенти заболени од АИДС.

остро се противи на абортусот, геј браковите и контрацепцијата и голем противник на абортусот и еутаназијата.

nov papaво 2010 година тој јавно се спротивстави на легализацијата на браковите помеѓу партнерите од ист пол. Во своето писмо до аргентинската влада тој тогаш напишал:

“Да не се лажеме, да не бидеме наивни, тука не станува збор за обична политичка борба, туку за антрополошки чекор наназад. Тоа е деструктивна претензија против Божјиот закон. Не зборуваме тука само за обичен закон, туку за обид за дискриминација и непочитување на сите Божји битија”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1