Папата само 10 часа ќе биде во Скопје – Ватикан ја објави програмата


Прес-службата на Ватикан објави програма за посета на папата Франциск на Бугарија и Македонија, која ќе се одржи на 5-7 мај годинава.

Папата ќе пристигне во Софија на 5 мај во 10 часот. На аеродромот тој ќе биде пречекан од премиерот Бојко Борисов, потоа шефот на римокатоличката црква ќе ја посети бугарската патријаршија, а во храмот “Св. Александар Невски “папата Франциск ќе се помоли пред престолот на Св. Кирил и Методиј, просветители на Словените и покровители на Европа, па на 7. заминува во Скопје.

Ќе се сретне со премиерот Заев и претседателот Иванов во просториите на претседателската резиденција па папата Франциск ќе се обрати до претставниците на властите и дипломатите. Потоа, шефот на римокатоличката црква ќе го посети спомен куќата на познатата Мајка Тереза ​​. Тука ќе има молитва и средба со сиромашните луѓе и верници.

Папата во Македонија доаѓа за прв пат а ќе остане само 10 часа. Доаѓа од Софија, на скопскиот аеродром ќе слета во 8 часот и 15 минути а си заминува во 18 часот и 30 минути.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1