Иако на многумина ваквото истражување нема да им се допадне, норвешки истражувачи откриле дека брачните двојки, кои рамноправно ги извршуваат домашните работи, имаат поглеми шанси за развод, отколку браковите во кои жените ги извршуваат поголемиот дел од домашните обврски.
Резултатите на истражувањето на институтот за друштвени науки „Нова“, покажуваат дека двојките кои ги делат домашните обврски имаат дури 50 проценти поголеми изгледи за развод.
„Колку мажите повеќе помагаат при домашните обврски, за толку е поголем процентот на разводите“, изјавил за АФП, Томас Хансен, креаторот на студијата под наслов „Еднаковост во домовите“.
Истражувачите наведуваат дека не постои никаква причинска врска и дека овој феномен е повеќе израз на модерниот живот кои што го имаат двојките.
„Кај модерните брачни парови, жените често имаат висок степен на образование и добро платена работа, што ги прави финансиски помалку зависни од сопругот, па можат полесно да се снајдат во случај на развод. Понекогаш се чини дека е подобро доколку улогите се поделени, па на тој начин помалку е веројатно да се караат“, објаснува Хансен.
Во Норвешка, земја со долга традиција на рамноправаност на половите, одгледувањето деца понекогаш се дели меѓу татковците и мајките. Меѓутоа, кога се во прашање домашните обврски, жените и понатаму ги извршуваат поголемиот дел од нив.
Студијата покажува дека жените во традиционалните бракови воглавно се задоволни со својата ситуација и дека нивната среќа воглавно е еднаква со среќата на жената која е во „модерен“ брак.