Вљубени студенти додека славеле во еден луксузен ресторан, добиле неочекуван подарок. Непознат пар од соседната маса им ја плати вечерата во износ од 250 долари.
Студентите седеле во ресторан во Питсбург и кога побарале сметка келнерот им донел само порака од брачниот пар –
„Ова е само еден мал начин на љубезност. Единствено што сакаме е и вие да го направите истото на некои други луѓе, некогаш. Во меѓувреме, уживајте во вашата младост, пријателство и љубов. Бидете добри еден кон друг и среќно“, пишувало во пораката.
Студентите не го виделе и запознале парот но велат овој гест ги погодил многу и еден ден ќе го исполнат ветеното – и тие на овој начин а израдуваат некого.