Параглајдеристот кој загина имал многу скршеници и внатрешни повреди


Низа несреќни околности кои се случиле за пет минути доведоа до смртоносни повреди на 39-годишниот Г.Ш.И., параглајдерист од Унгарија, кој вчера почина на брегот на Охридското Езеро. Истрагата и обдукцијата само ги потврдија наодите на истражителите и на лекарите, кои уште вчеравечер дале изјави кои му се предадени на Јавниот обвинител, со што се отфрлаат некои шпекулации пренесени во некои медиуми дека причина за смртта е ненавремена реакција на лекарите.

paraglajderistНаодите на истрагата до кои дојде Плусинфо велат дека параглајдерот со кој над езерото летал Г.Ш.И., на височина поголема од 300 метри, влетал во турбуленција. Во еден момент загубил контрола над параглајдерот и јажињата му се обмотале околу телото. Тогаш параглајдерот се засукал и Г.Ш.И. влегол во слободен пад. Додека паѓал, викал кон капачите на плажата кај Љубаништа „Хелп, хелп“.

Бидејќи немало врева, неговите повици ги чуле безмалку сите. Почнал слободно да паѓа кон водата од височина од 60 метри. Додека паѓал, во тие неколку секунди, едно јаже му се обмотало околу вратот и му нанело повреди на дишните патишта.

Први кои тргнале кон параглајдеристот биле двајцата спасувачи. Едвај успеале да го внесат во кајчето и да го ослободат од обмотаните јажиња. До моментот кога го донеле на плажата, Унгарецот бил жив. Кажал како се вика, од каде е и дека боледува од ретка болест.

Но, веќе било доцна. Странецот починал. Започнале со реанимација. Му вбризгале инекција адреналин, започнале со сите помагала да го оживуваат, но не успеале. Кога започнале со рачна реанимација со притисок на градниот кош, слушнале како крцкаат ребрата, односно дека безмалку сите му биле искршени од ударот, и имал низа внатрешни повреди. На вратот му се познавала трага од конопот кој му бил обмотан.

Во 12.57 часот е констатирана смрт. Неговото семејство е контактирано и се очекува деновиве да го преземат неговото тело.

ПлусИнфо

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1