Парацетамолот помага и за беспарица и скршено срце? – делувал и кај емотивната болка


Новата канадска студија тврди дека парацетамолот, како аналгетик, може да користи и за елиминирање на емоционалната болка и немир. Откриено е дека овој лек може да ги ублажи симптомите на егзистенцијална криза, чуството на страв како и болката која се јавува кога сме оставени или сме загубиле некого – односно се она што предизвикува немир и болка во организамот а не е поврзано со физичка манифестација и конкретна болка.

pill apceИстражувачите во поранешните студии откриле дека и физичката и „социјалната“ болка може да се ублажат со парацетамол.

– Неврзано за видот на болката, земањето парацетамол влијае на сигналот во мозокот кој вели дека нешто не е во ред – вели водечкиот истражувач на студијата, Даниел Рендлес од Универзитетот на британската „Колумбија“

Тој и неговите колеги сметаат дека непријатноста што ја чуствуваме кога ќе се соочиме со размислување за смртта, оставањето од саканиот, проблемите кои не тиштат се активира сличен процес во мозокот. Тие се обиделе да ги ублажат овие емоции со помош на овој многу едноставен аналгетик.

Студијата вклучила 120 студенти, поделени во две групи. Едната група примила табета парацетамол, а другата таблета најобичен шеќер (плацебо).  а потоа им поставувале задачи и прашања за да видат како ќе реагираат студентите.

– Се уште сме вчудоневидени од фактот дека обичен лек против главоболка може да им помогне на луѓето да не размислуваат за смртта и да не чувствуваат непријатност – вели Рендлес.
Истражувачите сметаат дека оваа студија ќе помогне кај лекувањето на претерано чувствителните луѓе или кај оние со хроничен немир.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1