Паразит што го пренесуваат мачки може да предизвика самоубиства


Чест паразит, кој до неодамна се сметаше за безопасен, а живее во организмите на многу луѓе, може да предизвика суптилни промени во мозокот кои може да доведат до самоубиство, предупредуваат научниците.

mackaМедицински експерти проценуваат дека меѓу 10 и 20 отсто од луѓето во САД, односно околу 30 отсто во целиот свет се заразени од Toxoplasma gondii, која предизвикува болест токсоплазмоза. Првично предизвикува лесни симптоми на грип, но подоцна се припојува во организмот и тешко може да се дијагностицира.

Иако се сметаше за безопасен, според истражувањето претставено во The Journal of Clinical Psychiatry, T. gondii во подолго време може да предизвика воспалителни процеси во кои настануваат метаболити кои го оштетуваат мозокот.

T. gondii се размножува во келиите на примарните домаќини – животни од семејството мачки, но ја пренесуваат и кучиња.
На луѓето се пренесува со фекалии, вода и храна загадена со негови јајца.

Истражувањето на Брундин и нејзиниот тим покажало дека воспаленијата кои ги предизвикува T. Gondii, а се отчитуваат во намалување на серотонинот (хормон на среќата) во мозокот, може да предизвикаат промени во неговата хемија и со тоа да доведат до депресија и самоубиство.

Иако токсоплазмозата тешко се открива, таа е е излечива, а во третманот обично спаѓаат два лека, приметамин и сулфадиазин

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1