Татко ја силувал ќерка си 1.370 пати


Четириесетгодишен татко монструм од Виена е осуден на казна затвор од седум години бидејќи ја силувал својата ќерка 1.370 пати.

iscelitel siluvanjeЖртвата, која сега е на 15-годишна возраст го пријавила таткото во полицијата во Виена во октомври 2013 година. Судот на седум години затвор го осудил 40-годишникот за тешко сексуално злоставување на малолетничка, инцест и злоупотреба на моќта.

Сведочела дека ја силувал 1.370 пати од 2009 година, кога целото семејство живеело во германската сојузна земја Северна Рајна Вестфалија. Тврди дека силувањата се случувале секојдневно, освен во текот на одморите и кога била на училишните екскурзии. Примероците од ДНК ги потврдиле нејзините тврдења.

Виенскиот суд го осудил силувачот само за злосторствата сторени од 2010 година кога семејството се преселило во Австрија.

Германскто правосудство во моментов разгледува дали ќе го обвини таткото, изјавила адвокатката на жртвата

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1