Пари назад ако сте купиле лек од позитивна листа додека сте биле во болница


Електронско барање за рефундација за болничко лекување, електронско барање за рефундација на лекови на рецепт и електронско барање за рефундација на вграден и потрошен материјал се новините кои ги воведе Фондот.pacient kniska zdravstvo

Првата електронска услуга се однесува на рефундација на средства за извршено болничко лекување кога осигуреникот немал здравствено осигурување од различни причини. Кога на осигуреникот не му е платен здравствениот придонес повеќе од 60 дена, здравствената услуга треба да ја плаќа во целост, а потоа откога ќе се подмири здравствениот придонес осигуреникот поднесува барање за рефундација. Правото на рефундација не застарува 5 години.

Втората нова електронска услуга всушност претставуваат две услуги кои ги нуди фондот споени во една. Доколку на осигуреникот за време на болничкото лекување му е побарано да купи лек кој се наоѓа на позитивната листа, по завршување на лекувањето има право да поднесе барање за рефундација на средства. Воедно во овој сегмент се вклучени и лекови од болничка листа кои се примаат по препорака на специјалист (некогаш и во домашни услови), а здравствената установа нема обврска да ги набавува (како на пример клексан). Рефундација се остварува само доколку лековите се купени од аптека со која фондот има склучено договор.

Третата електронска услуга е право на надоместок на средства за набавен стандарден медицински потрошен материјал и вградени материјали во болничка здравствена заштита. Доколку осигуреникот за време на болничкото лекување му е кажано да набави медицински потрошен материјал или пак вградил медицински материјал, има право да го рефундира од страна на ФЗО.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1