По синоќешната несреќа која го затекна семејството Бекир од село Драчево, општина Кисела Вода, кое настрада од експлозија на плинска боца, надлежните служби експресно реагираа, пишува Нетпрес.
Во изјава за Нетпрес, дополнителниот министер за труд и социјална политика, Диме Спасов информираше дека согласно надлежностите, Министерството и Центарот за социјални работи ќе интервенираат со еднократна парична помош за санирање на штетите настанати од пожарот, обезбедување на потребна документација и пакети со храна и облека.
Еднократна парична помош ќе добијат и семејствата чии домови беа зафатени од пожарот на соседите.
Повредените во вчерашната експлозија во моментов се на болничко лекување.