Парис Џексон: Зошто тато не тераше да носиме маски


Парис Џексон, ќерката на мајкл Џексон, во интервју за списанието Ивент изјавила дека сака да искористи дел од наследството од својот татко тешко милијарди долари за да го обнови неговиот имот Недојдија (Neverland) во кој би уживале болни деца.

paris djeksonПред две години таа го посетила местото и се расплакала кога видела во каква руина се претвора.

-Имам многу спомени на мојот татко. Тој беше неверојатен. Се трудеше да нѐ образува колку можеше повеќе и секогаш се грижеше за нас – рече таа. Таа кажала дека ќе го обнови имотот на Џексон веднаш штом ќе стане полнолетна.

Таа објаснила и зошто ги терал да носат маски во јавноста.

-Не сакаше сите да видат како изгледаме. Мислеше дека така ќе го имаме она што тој го немал, нормално детство –  додала таа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1