Парите добиени од донации за лекување на рак ги користела за купување на дрога


Британи Озаровски од САД, ќе се појави пред Кривичниот суд во Сафолк, под обвинение дека глумејќи болна од рак од десетици луѓе прибрала стотина илјади долари.

britani_Таа преку оставање на летки, и преку нејзината интернет страница ги запознавала луѓето со нејзината болест и тврдела дека нема доволно пари за хемотерапија со која би се излечила.

Обвинителството соопштило дека парите на Британи и биле потребни за да ги подмири своите огромни потреби за дрога.

Британи успеала да ја измами и својата родена баба која и дала 100.000 долари.

Сега Британи е во притвор и чека покренување на обвинение против неа.

Целата измама ја открил локалниот шеф на фондацијата за борба против ракот кој сакал да уплати пари во болницата, а Британи го убедувала да и ги даде на рака.

Целиот случај тој го пријавил во полицијата која пак пронашла само 300 долари од сите донации кои ги собрала.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1