Доколку немате пари или платата ви е мала, еве неколку начини како да дојдете до дополнителен џепарлак и зголемување на домашниот буџет.Доколку на сивито кое го испраќате нема одговор и во огласите по весниците не наоѓате вистинска понуда за вработување, кое на вас би ви одговарало, решението побарајте го во хонорарните работи.
Еве неколку примери кои би можеле да ви одговараат за дополнителна заработувачка:
Чување деца во вашиот или домот на оние кои ќе ве ангажираат. Преку огласите побарајте луѓе на кои им е потребна оваа услуга. Ова би ви одговарало доколку имате дете на слична возраст, како оние кои што треба да ги чувате.
Преку сајтовите за продажба понудите ги работите кои повеќе не ги користите, дури и по симболична цена. Во ормарите, креденците, подрумот, таванот се кријат работи кои што сигурно не ви се потребни, а некој ќе биде подготвен да ги купи.
Грижа за домашните миленичиња, во периодот додека нивните сопственици се одмораат. Идеално доколку сте љубители на животни.
Дали сакате да работите како помошник, како мијач на садови во кујните, на некој угостителски објект? За оваа работа не ви се потребни посебни квалификации, а може да биде солидно платено.
Преку оглас понудете помош во домашните работи. Во денешно време, голем број на луѓе, плаќаат за пеглање и одржување на чист стан.
Усовршете го својот дар за пишување. Можете да пишувате во сопствениот дом и да бидете „фрилансер“ пишувач. Ако сте добар познавач на некој од странските јазици, тоа е само уште еден плус за вас.