Глобалната елита докажа дека маските паднаа и дека ќе тргнат на големите купчиња на пари мислејќи дека полагаат право на тоа. Тоа значи дека нема банковни сметки, фондови и портгфолија на земјите кои можат да бидат сигурни.
До сега поголемиот број на луѓе претпоставуваат дека приватните банки се недопирливи и дека осигураните депозити всушност значат нешто. Сега видиме дека не постојат пари кои се сметаат за заштитени надвор од границите, од страна на глобалната елита и осигурувањето на штедните влогови не значи апсолутно ништо.
Најважна работа од која зависи секој финансиски систем е верата. Ако луѓето немаат вера, сигурност и стабилност, за финансискиот систем тој нема да функционира. Така луѓето кои владеат со светот земаа мал дел и удрија по довербата која сите ја имавме во глобалниот финансиски систем. Ќе гледаме глобално бегање од банките кое нема да биде ограничено на само неколку земји во Јужна Европа.
Ќе започне да владее стравот кај луѓето, па ќе почнат да ги повлекуваат парите и да ги претворат во злато, сребро, или пак недвижности. Како парите полека ќе се повлекуваат, многу банки ќе пропаднат.
Многу од вас не веруваат дека ова може да се случи во вашата земја. Многу од вас не веруваа дека големиот грабеж на Кипарските Банки никогаш не би можел да се случи во Македонија, Хрватска, Србија или други земји.
Па што мислите кој го има осмислено целиот овој план?
ММФ наводно воведе данок на богатство во Кипар, а ММФ има седиште во самото срце на Вашингтон.
Речиси секој народ на планетата мора да се носи со ММФ. Тоа е организација која доминира во САД и таа е секогаш вмешана кога се работи за меѓународна должничка криза.
Ако банковните сметки не ви се сигурни, постојат бројни сигурни места каде што можете да ги сместите вашите пари.
Можете да им верувате на вашите политичари кои ви говорат дека тоа нема никогаш да се случи. Дека вашите пари се сигурни во местата каде што живеете. Тоа всушност им го викаа и кипарските власти на своите гласачи.
Претседателот на оваа земја јавно прогласи во својот инаугурациски говор дека нема да толерира „шишање“ на јавниот долг или депозит.
Дека за ваквиот проблем нема ни да се расправа. Министерот за финансии пак истакна дека ЕУ би била луда доколку би наметнала ваква мерка, затоа што би го загрозила еуро составот.
Во овој момент политичарите на Кипар имаат две можности. Или да гласаат за данок на богатство и да ја уништат вербата во банкарскиот систем, или да гласаат против присиленото излегување од еврозоната. Во секој случај ќе гледаме колапс на финансискиот систем на Кипар и негвото запоседништво кое ќе се нурне во длабока депресија.