Претепан шефот на изборниот штаб на коалицијата Мустафа-Салиу


Министерот Неждет Мустафа и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу го обвинија пратеникот Амди Бајрам за организација на напад на нивни функционери во Шуто Оризари. Шефот на изборниот штаб на коалицијата на партиите на Мустафа и Салиу, со тешки повреди е задржан во Клиничкиот центар, а уште две лица, меѓу кои носителот на листата, се здобиле со полесни повреди.

tepacka1-1-Според извештајот на МВР, тепањето се случило во близина на истражниот затвор Шуто Оризари. Додека оштетените се движеле со автомобил, неколку непознати лица им го блокирале движењето со друго моторно возило и веднаш им се нафриле на жртвите со шипки и тупаници. Напаѓачите се уште не се пронајдени, но од полицијата велат дека веќе имаат првични сознанија. 

Телевизијата Алфа побарала изјава и од Амди Бајрам, кој како и партиите на Мустафа и Салиу е дел од владеачката коалиција, негира дека тој или негови активисти се одговорни за тепањето. Го осуди инцидентот и насилството

Алфа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1