Професионалните војници прашуваат: зошто АРМ отпушта само Македонци?


Македонските професионални војници што останаа без работа денеска ќе бараат средба со премиерот Никола Груевски, од кого очекуваат одговор на нивното главно барање – да бидат вратени на работа во АРМ.

Од Груевски, како што најавуваат војниците, ќе бараат да им одговори на, како што велат, најболното прашање за нив – зошто од Армијата на Република Македонија се отпуштаат само Македонци и тоа оние што во 2001 година застанаа во одбрана на државата и кои целиот свој професионален живот го поминале во АРМ.

vojska

Според најавите на Илија Тодев, координатор на Синдикатот на професионалните војници, тие нема да си заминат од пред Владата сè додека не се сретнат со Груевски зошто сакаат од прва рака да го информираат за нивните барања и да дознаат дали со измените на Законот за служба во АРМ, предложени неодамна од Владата ќе бидат опфатени и овие војници.

Во Синдикатот велат дека станува збор за стотина професионални војници на кои им престанале договорите и врз основа на исполнување на старосната граница од 38 години тие не можат да бидат повторно вработени во АРМ. Измените што ги предложи Владата предвидуваат да се зголеми старосната граница за служба во АРМ од 38 на 45 години.

Затоа, во Синдикатот се надеваат дека државата сепак нема да го остави ова прашање отворено и дека нивното барање ќе биде остварено, односно можноста дадена во предлог-законот старосната граница од 38 години, која се поместува на 45 години возраст, за професионалните војници да важи ретроактивно.

Повеќе на – МКД.МК 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1