Паркирањето останува бесплатно во Карпош и Ѓорче


И покрај најавите дека е можно воведување зонско паркирање во неколку скопски општини, меѓу кои и Карпош и Ѓорче Петров, општинските власти од таму велат дека нема да има промена во моделот на паркирање и дека граѓаните и понатаму ќе ги користат бесплатно отворените паркинг простори пренесува Плус инфо.

centar-parking-604x272Повеќето општини жестоко се спротивставија на оваа идеја и уверуваат дека нема да има измени во моделот на работа на паркиралиштата.

Од Општина Карпош, на чија територија се наоѓаат едни од најкористените паркиралишта, уверуваат дека нема да се воведува зонско паркирање. Од таму велат дека нема потреба од тоа, а и дека граѓаните се изјасниле против оваа идеја на спроведената анкета. Според програмата на претпријатието, измена во моделот се препорачува во Карпош 1 и Карпош 2, односно кај „Млечен ресторан“ и кај трговскиот центар „Лептокарија“.

Од Општина Ѓорче Петров, пак, велат дека нема услови во општината да се воведе моделот на плаќање, што се покажало и во минатото кога од еден паркинг простор, јавното претпријатие се откажало самоиницијативно затоа што не било економски исплатливо да се стопанисува со него.

Во секој случај, воведувањето на зонско паркирање е невозможно без согласност од граѓаните и без одобрение од општинското раководство. Директорот на ЈП „Градски паркинг“, Борче Јакимовски, вели дека јавното претпријатие нема да преземе ништо во делот на паркирањето без да бидат консултирани граѓаните.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1