Паркирањето во City Mall повеќе нема да биде бесплатно


Skopje City Mall се наоѓа на само 3 км од центарот на градот помеѓу двете главни сообраќајни артерии, Булевар Партизански Одреди и Булевар Илинденска, кои директно се поврзани со магистралата за Косово. До сега посетителите на шопинг центарот можеа  да пазаруваат и бесплатно да се паркираат, пишува Скопје Инфо.

city mallТокму оваа привилегија е потенцирана како едно од причините зошто да го посетите Skopje City Mall.

Но, за жал повеќе нема да биде така. На влезот на паркинг просториите во подрумот веќе подолго време се поставени рампи, а влезот и излезот на паркингот веќе се поставуваат автомати за плаќање паркинг.

Официјален став од управа на шопинг центарот сеуште нема, но ова е чекор кој што заслужува критики. Платениот паркинг ќе биде дополнителен трошок и финансиско оптаварување за потрошувачите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1