Паркирањето во Центар отсега бесплатно до еден час


Наместо само 10 минути, како досега, отсега на местата за кои наплаќа јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар ќе може да останете паркирани до 1 час, без да мора да брцнете во џебот, пишува а1он.

centar-parking-604x272Според информациите и жителите на општината или фирмите отсега ќе може да купат припејд-картичка за паркирање, со која ќе плаќаат за своите гости или за клиентите и деловните партнери.

Цените за Гостинска карта се движат од 100 до 300 денари, што значи време за паркирање за гостите од 5 до 300 часа месечно. Со неа ќе може да се плаќа за повеќе автомобили паркирани истовремено, а неискористените часови ќе може да се префрлат во следниот месец – и така постојано се до крајот на календарската година.

Како и за Гостинската карта, така и за Бизнис гостинската, обврската на бројот 072/251-251 да го пријават паркирањето имаат нејзините сопственици, кои пречекуваат гости или клиенти.

Бизнис гостинската карта подразбира фирмата, ресторанот или дуќанот да има М-карта. Од нејзиниот износ се издвојуваат 35 денари за еден час паркирање за клиентот во првата зона, додека во втората зона паркирањето ќе чини 25 денари.

A1On

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1