Партиските лидери со очекувања од идниот претседател


Лидерите на СДСМ , Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски и на ДУИ Али Ахмети со пораки на денешниотизборен ден и очекувања да биде избран претседател во фер и демократска атмосфера.

Лидерите на политичките партии со очекувањат да се спроведат изборите како што доликува на европска земја , која треба да го покаже својот демократски капацитет.

-Денеска е ден кога граѓаните треба да бидат гласни, со ливчето и пенкалото во рака позади гласачката кутија, масовно да излезат и да одлучат еднаш засекогаш да бидат поразени неправдите во Република Македонија. Да победи правдата. Граѓаните треба да бидат гласни против лагите, корупцијата, невладеењето на правото, немањето на демократија во државата, нечесните политичари, наспроти честитоста, искреноста и принципиелноста, рече Мицкоски.

Посочи дека очекува ова да биде демократски ден, со масовна излезност на изборите.

-Посакувам успешен ден, ден во кој ќе победи демократијата во Република Македонија, порача Мицкоски.

Премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица правото на глас го остварија во Струмица.

-Како одговорен граѓанин на нашата земја, излегов и гласав. Секој ваков ден на гласање е убав, и важен, кога граѓаните на најдиректен начин, на демократски начин, носат важни одлуки за својата земја. Гласањето е чест, право, и граѓанска должност.

Денеска очекувам сите наши граѓани да изберат Претседател на Република Северна Македонија-кажа премиерот и лидер на владеачката СДСМ.

Тој посочи дека од сите се очекува одговорност а сериозна зрелост ќе покажеме сите ако демонстрираме демократичност во нашиот избор, ако изборите бидат успешни, ако го држиме единството во нашата земја, и силно чекориме напред кон современиот свет, кадешто припаѓа нашата земја, Република Северна Македонија.

– Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска гласаше на избирачкото место 0816 во Зајас.

По изјаснувањето, Ахмети истакна дека посакува овие избори да се слободни, според потребните стандардите, да ни служат за уште еден чекор кон зачленување на земјата во Европската Унија и за заокружување на процесот за НАТО интеграциите.

– Важно е сите да ги признаваат изборните резултати, бидеќи во изборен процес има победници и оние кои не ги оствариле нивните очекувања. Многу е важно процесот да се одвива во фер и коректна атмосфера и на крај да се прифатат резултатите на овие избори од сите учесници. Според моите информации до овој момент изборниот процес се одвива мирно и без никакви проблеми, рече Ахмети.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1