Паско Кузман осомничен за кражбата во Музејот – на листата директори, златар, ..


Во полициската акција за кражбата на вредни артефакти од Музејот на Македонија, досега се приведени пет лица, меѓу кои актуелниот и еден од поранешните директори на Музејот, соопштува МИА

pasko-kuzman1Како што објавија некои од медиумите, меѓу осомничените е и поранешниот директор на Дирекцијата за заштита на културно наследство Паско Кузман, кој веќе е во куќен притвор за дело поврзано со случајот „Фаланга“.

Според досегашната истрага, од Музејот на Македонија украдени се 166 вредни предмети од културно историско значење.

Артефактите биле земани на реверс од депото и давани на златарот кој изработувал копии што се враќани на местото на оригиналите, па затоа полицијата не може да потврди со сигурност дали артефактите најдени при претресите се тие по кои навистина се трага

Исчезнатите златни обетки од римски период кои се наоѓаат на банкнотите од 500 и 1000 денари се пронајдени при претрес на дом на осомничен како дел од вчерашната акција на полицијата за откривање на крадците на над 160 артефакти од депото на Музејот на Македонија.

artefakti muzejСепак, тие треба дополнително да се вештачат, бидејќи постои сомневање дека станува збор за фалсификат. Според првичните информации во рацете на полицијата се голем дел од артефактите кои недостасуваат и кои се најдени кај осомничените, но нема информации дали и колку се продадени и изнесени од државата и дали евентуално има можност тие некогаш да бидат вратени назад, каде што припаѓаат. Исто така постои опасност најдените артефакти всушност да се вешти копии кои немаат никаква историска или културна вредност.

Истрагата за кражбата на столетието, вчера финишираше со апсење на осум лица меѓу кои сегашниот директор на Музејот на Македонија, виш кустос, ракувач на депото, лица од комисијата за откуп на предмети од музејска вредност, поранешниот директор на Управата за заштита на културно наследство и скопски златар. Станува збор за лица кои биле задолжени да го чуваат и штитат националното богатсво, а кои ги искористиле положбите за да крадат и да се збогатат.

Ова го потврдија и од МВР и од Јавното обвинителство од каде информираат дека е наредена истражна постапка за Златко Видоевски, Софка Кушовска, Перо Јосифовски, Часлав Кузмановски, Паско Кузман, Јован Кондијанов, Дарко Кржовски и Андреј Ежов. Последните информации се дека завршил распитот кај Јавниот обвинител и дека тие ќе бидат изведени пред судија од претходна постапка со барање за притвор.

Сите се товарат за присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, за злоупотреба на службената положба и овластување и за несовесно работење.

pasko_maskaМеѓу уапсените има и неколку членови од Комисијата за откуп на музејски предмети за кои истрагата на полицијата покажала дека го оштетиле Музејот на Македонија за 40 илјади евра со тоа што незаконски откупувале монети токму од истиот златар кој ги правел реплики. И во овој случај постои сомневање дека тие ги потрошиле четириесетте илјади евра на фалсификати.

Кузман своерачно потпишал реверси за 14 артефакти кои се подигнати од Музејот во Охрид. Истрагата утврдила дека тој се потпишал на документите како помошник вработен во Охридскиот музеј иако во тоа време ја извршува функцијата директор на Управа за заштита на културното наследство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1