Гостиварец скокнал од трет кат и преживеал


Четириест и три годишен гостиварец се здобил со тешки повреди откако скокнал од третиот кат на зградата во која живеел

soobrakajka - brza pomosСпоред првичните сознанија, најверојатно имал намера да си го одземе животот.

Од СВР Тетово информираат дека извесен Џ.З. бил згрижен во гостиварската болница „Ферит Мурад“ вчера, половина час по полноќ со скршеници по екстремитетите и телото, по што е пренесен на скопските клиники.

Од увидот кој го извршиле Јавен обвинител и екипа на полициската станица Гостивар, било констатирано дека, гостиварецот скокнал од балкон на станот близу големиот пазар и паднал на тревникот. Причините и мотивите кои довеле до несреќата ги истражува јавен обвинител.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1