Патнички авион гореше над Лондон – Три лица повредени при принудното слетување (Видео)


Најмалку три лица се полесно повредени при принудното слетување на авионот на британската компанија „Бритиш Ервејз“ на лондонскиот аеродром „Хитроу“.

Авионот „Ербас А319“ мораше принудно да атерира откако од еден од неговите мотори почна да излегува силен чад. Авионот успешно слета, а сите 75 патнци, како и членовите на екипажот безбедно се евакуирани. Претставник на „Бритиш Ервејз“ изјави дека авионот се вратил на „Хитроу“ утрово околу девет часот по локално време поради „техничка грешка“ на десниот мотор. Принудното слетување било извршено кратко време откако авионот тргнал кон Осло.

Во авионот имало 75 патници, пренесе Ројтерс.

hitrou2

Поради инцидентот управата на „Хитроу“ ги затвори двете писти за слетување и полетување. Сите авиони што во тое време требаше да слетаат на аеродромот беа префрлени на аеродромот „Станстед“.

Претходно, некои лондонски медиуми тврдеа дека инцидот со авионот на „Бритиш Ервејз“ го предизвикало јато птици кои удриле во моторот што потоа се оштетеил.

Според редот на летањето денеска на Хитроу требаше да се изведат 1.300 летови, по 40 слетувања и полетувања на секој еден час.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1