Се урна мост што ги спојува САД и Канада – автомобили паднале во реката (Видео)


Најмалку тројца луѓе се повредени при уривањето на главниот мост кој го спојува американскиот град Сиетл, со Канада и со остатокот на северниот регион на Пацификот. Меѓудржавниот мост со четири ленти за возила е стар повеќе од 50 години, а се срушил точно на половина пат помеѓу Сиетл и Ванкуваер во Канада.

most srusenНајмалку тројца луѓе се повредени при уривањето на главниот мост кој го спојува американскиот град Сиетл, со Канада и со остатокот на северниот регион на Пацификот.

Американските власти соопштија дека при уривањето на мостот стар половина век, неколку возила завршиле во водата, но дека за среќа нема загинати луѓе. Се уште не се познати причините за инцидентот но медиумите потсетуваат дека патната инфраструктура во САД се наоѓа во лоша состојба и дека повеќе од седум илјади мостови не се целосно стабилни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1