ДЕМОЛИРАН МУЗЕЈОТ НА АЛБАНСКАТА АЗБУКА ВО БИТОЛА


Спроти Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, непознати сторители  го демолираа  Музејот на Албанската азбука во Битола. Настанот се случи во текот на ноќта, кога вандалите   најпрво го скишиле стаклото на влезната врата, насилно ја отвориле и дивееле  во просториите на вториот кат  каде е музејската поставка.

muzej demoliranУништени се витрините во кои се чуваат копии од  историски  документи. Исто така скршени се и неколку прозорци од зградата,   врз кои хулиганите фрлале со камења од надвор. Полицијата го известила директорот на музејот утрово околу 4 часот, по што извршен е увид и се трага по сторителите.
Во минатото  неколкупати се испишувани недолични пароли на фасадата и оштетувана е плочата посотавена на зградта, сепак, музејот е обезбеден само со  клуч на старата дрвена врата. Директорот  смета дека некој се обидува да  ги подига меѓуетнички тензии  токму на   денешниот празник

Националната установа Музеј на албанската азбука во Битола е сместена во објкетот каде што пред 105  години се одржал познатиот Битолски конгрес на кој група албански интелектуалци ја создадоа и унифицираа денешната албанска азбука. Музејот е отворен во ноември минатата година и во него се поместени 56 фотографии и повеќе од 230 документи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1