Рио Фердинанд доаѓа во Пробиштип, на журка со Пол ван Дајк (Фото)


Англиската фудбалска мегаѕвезда Рио Фердинанд би можел наредниве два дена да престојува во Македонија, и тоа на журка во Пробиштип, како гостин на познатиот ди-џеј Пол ван Дајк, пренесува порталот aberdzija.com.
Ова на својот официјален профил го најавил токму Ван Дајк, истакнувајќи дека доаѓа на луда журка, но и да го следи финалето во ЛШ, заедно со „Хајнекен“ и со Рио Фердинанд.
probistip

rio ferdinand zabava golema

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед е познат како љубител на добрите забави, а е добар пријател на Пол ван Дајк.
Холандскиот ди-џеј, пак, е главна ѕвезда на летното отворено издание на „Таксират“, што наредниве два дена ќе се одржува на „Аква парк фестивал“ во Пробиштип.
Можеби, ете шанса и Рио Фердинанд да го види Пробиштип, а и локалното население да се дружи со познатата фудбалска ѕвезда од Англија. Секако, доколку најавата на профилот на Пол ван Дајк се исполни…
Ekipa.mk
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1