Фото: Еве каде во светот живеат најмногу атеисти


Резултатите од истражувањето на Галуп за 2012 година покажуваат дека регионот на Балканот е еден од регионите со најмал број на атеисти во светот, каде само околу четири отсто од жителите се сметаат себеси за атеисти.

Од друга страна, најмногу атеисти во Европа има во Чешка, каде околу 50 проценти од жителите се сметаат за атеисти. Од останатите земји, атеисти се сметаат 30 проценти од Французите, 20 отсто од Германците и Американците и околу 10 проценти од Русите.

Според ова истражување, атеисти се сметаат околу 13 проценти од вкупната светска популација.

atheism-map-1024x506

Истражувањето покажа дека најголем број на атеисти се забележани во Кина, каде 47 отсто се сметаат за атеисти. Голем процент на атеисти се забележани и во Јапонија, каде така се изјасниле 31 отсто од населението. Интересен е податокот и дека во Саудиска Арабија околу пет проценти од населението се атеисти.

Оваа студија покажа дека најрелигиозни во светот се жителите на Авганистан, Ирак, Гана, Нигерија и Ерменија, каде девет од десет лица се сметаат за религиозни.

Во истражувањето на Галуп за 2012 година, кое го тематизираше нивото на религиозност во светот, учествуваа 50.000 лица од 40 држави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1