Патник се обиде во текот на летот да отвори врата за да запали цигара


Авион на германската компанија „Луфтханза“ кој леташе од Минхен за Ванкувер беше принуден да слета во Хамбург, затоа што еден од патниците почнал да паничи. обидувајќи се да ја отвори задната врата на леталото на висина од речиси 12.000 метри за да запали цигара, објави „Си-би-си њуз“.avion vnatre patnici

Официјалните лица на „Луфтханза“ потврдија дека по инцидентот патникот е изведен од авионот кој морал да сврти од рутата и да слета во Хамбург, како и дека истрагата е во тек.

Според зборовите на патникот Ден Иош во задниот дел на авионот еден маж врескал и викал, обидувајќи се да ја отвори вратата.

– Очигледно и пред летот имало проблеми со него, но, сепак, одлучиле да полетаат. Претпоставувам дека горе беше сè повеќе вознемирен и дека се обидувал да запали цигара. Тој викаше и врескаше – рекол Иош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1