Патникот од Италија примен на Инфективна нема коронавирус – уште едно лице се тестира


Лицето кое ноќеска беше примено на Инфективната клиника во Скопје, е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство. Пациентот имал лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна.

Тој пристигнал од Милано во Скопје со попладневниот лет на „Визер“ . Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. Првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот. Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот е ставен во изолација, по што му се направени тестови согласно утврдениот протокол.

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска соопшти дека едно лице кое дошло од Дубаи заврши на инфективна, со симтпоми на грип, и се направени тестирања за коронавирус.

„Пред неколку часа е примен еден пациент кој минал шест дена во Дубаи, има симптоми на грип, и за околу 2-3 часа ќе бидат готови резултатите“, рече Филипче.

Апелираше до сите кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството и доколку почувтвуваат некои од симптомите да не се шетаат низ здравствените установи, туку да се јават на телефоните за Институтот за јавно здравје.

Според Филипче, здравствениот систем е подготвен и оти располага со доволен број на кревети, маски, мантили и скафандери.

Вчера исто така со симптоми на грип на инфективно се јавило лице кое слетало од Милано, но тестирањата за коронавирус се покажаа негативни.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1