Собранието ќе набави четири нови возила, а средствата за тоа се предвидени со новиот буџет, најави на денешниот брифинг со новинарите, претседателот на парламентот, Талат Џафери.
„Голф 2 и пик-ап. Тоа се двете единствени возила на Собранието. Ако тоа треба да биде лицето на Собранието, тогаш сликајте го“, рече Џафери.
За намалувањето на патните трошоци една од опциите е пратениците кои се надвор од Скопје да добијат службени станови.
„Во однос на патните трошоци, од инсистутот го добив извештајот, ќе ги видам пресметките. Една од варијантите е пратениците кои се надвор од Скопје, односно патуваат повеќе од 50 километри да добијат службени станови или пак да им се плаќаат кирии“, вели Џафери.