Патниците останале без кислород – Пилотот не бил во состојба да лета, го напуштила жената


Пилотот на исчезнатиот авион на малезиската компанија на летот МХ370 бил очаен поради одлуката на сопругата да си замине од нивниот семеен дом, потврдил за „NZ Herald“ негов пријател, кој претпоставил дека можеби станува збор за „последниот луд лет“ на капетанот Закариј Ахмад Шах.

pilot33Неговиот пријател, кој исто така бил пилот по професија, истакнал дека Шах бил премногу вознемирен поради семејните проблеми и дека најверојатно не бил психички способен да лета. Тој посочил дека е голема можноста патниците и останатите членови на екипажот да сфатиле што се случува кога веќе било предоцна.

„Тој беше еден од најдобрите пилоти кои ги познавам и јас не сум медицинско стручно лице, но со оглед на сè што му се случуваше во животот, Закариј веројатно не беше психички способен да управува со леталото”, истакнал тој.

Southwest-Airlines-Flight-812-3Неговиот пријател смета дека Ахмад Шах, притиснат од проблемите, на летот МХ370 тој гледал како на можност да ги испроба многу ризични воздухопловни маневри кои претходно ги усовршувал на својот омилен симулатор за летање.

Експерт од областа на воздухопловната индустрија за „Daily mail” изјавил дека авионот летал на оваа висина околу 23 минути и дека кислородот (во кабината во која притисокот е намален) би можел да се потроши за 12 минути, поради што патниците би можеле да изгубат свест.Овие шокантни вести одекнаа по веста дека непосредно по последната вербална комуникација од кабината авионот се издигнал на висина од 13.110 до 13.700 метри.

„Боинг 777 – 200 ЕР” може да достигне висина од 13.100 метри, а веројатно може безбедно да лета и на поголеми висини, тврди експерт. Но на оваа висина атмосферата е премногу разредена, што значи дека биле потребни неколку минути за да дојде до состојба која се нарекува „хипоксија” односно недостаток на кислород, доколку некој од пилотите рачно не зададе команда за декомпресија.

flyscootoxygenmaskdeployedМаските за кислород во ваков случај би испаднале, но тие може да обезбедат кислород за пет до десет минути.

Рон Бишоп, шеф на Катедрата за воздухопловство при Централниот универзитет во Квинсленд, изјавил за „Daily mail” дека доколку падот на притисокот во кабината предизвикал несвестица кај патниците и екипажот, тоа би значело дека авионот летал со помош на автоматски пилот сè додека не останал без гориво и паднал во океанот.

„Тоа сè би објаснило. Авионот летал предолго, од Југоисточна Азија, па сè до западниот брег на Австралија”, истакнува Бишоп

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1