Патот кон Кожуф затрупан од одрони


Вчерашните снежни врнежи на планината Кожуф ги донесоа старите маки, одроните на патиштата и непроодност за возилата, пишува Гевгелија нет.kozuf odron

Карпестите одрони се толку големи што ни неколкумината планинари од Планинарското друштво „Кожуф“ не успеале да ги отстранат од патот. Со тоа делницата од Смрдлива Вода кон Кожуф остана непроодна за возилата со кои планинарите требаше да се упатат кон врвот Аџибарица.

„Се потрошија милиони евра буџетски средства за да гледаме вакви слики секоја зимска сезона на Кожуф. Патиштата се за користење, не само за сликање: кој со одронети карпи, кој со ножици за сечење црвени ленти“, коментира порталот..

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1