Пронајдено е и телото на Ивана Фогадиќ, која избега од дома заедно со нејзиното синче Патрик, во езерото на хидроелектраната Дубрава во Хрватска.
Телото го пронашле рибарите вчера во попладневните часови, откако воочиле дека во езерото има мртво тело, па одма пријавиле во полиција.
Вчера во истото езеро е пронајдено и телото на нејзиниот син Патрик.
Според медиумите Ивана и Патрик најверојатно се фрлиле со автомобилот во езерото.
Хрватските медиуми претходно пренесуваа дека автомобилот со кој замина Инава Фогадиќ со синот Патрик е извлечен од дното на езерото Дубрава.
Автомобилот бил извлечен празен, а во него се пронајдени документи кои и припаѓаат на Ивана и Патрик. Стаклата на автомобилот биле искршени.
За потсетување, Ивана, мајката на Патрик во понеделникот го киднапираше својот син и на Фејсбук профил остави порака во која навести дека ќе го убие својот син и ќе се самоубие.