Овие фотографии се од мени во еден од хотелите на охридското крајбрежје, а ни ги испрати читател кој вели
„ патриотски е да летуваш во Охрид ама богами се чуствуваш и како да си на море со солениве цени – ражнич е 400 денари а обична плескавица 300 – и после зошто се бунат туристите прашуваат. Некои пријатели ми велат зошто сум отишол да вечерам во хотел – па каде да вечерам кога тука сум сместен. Богами следната година Охрид нема да ме види потрошив повеќе пари отколку во Хрватска да сум бил“
Читателот вели дека жива „ пљачка“ било и во продавниците за реквизити за деца.
„ малата сакаше гума со патка. сопругата прашала колку е и кажале 500 денари – викам 500 ден за гума не давам па што сака нека е. утредента малата пак ме влече натака, прашувам колку е и продавачката ми вика 350. целиот збунет си заминав и и викам на сопругата абе не си чула добро 350 е оди и купи и ја на малата скапа е ама ај. Одат ја купуваат, се враќаат и жената ми вика сега беше 200 денари – мојата чудесна земја“ вели читателот на МКnews.