Дежурен лекар во детското одделение на Клиничката болница во Тетово, вчера пријави дека бил физички нападнат од непознат маж кој заедно со уште две непознати женски лица и со едно малолетно дете кои влегле во ординацијата за да му се укаже лекарска помош за детето.
Лекарот откако го видел медицинскиот извештај од Хируршко одделение и побарал да му донесат упат, мажот му се нафрлил и физички го нападнал, а потоа почнал со рацете да удира по работното биро, компјутерот и другите предмети кои ги расфрлал на подот за што лекарот преку дежурната сестра побарал да биде повикано обезбедувањето. Не успеала во намерата, затоа што мажот и нејзе физички ја нападнал и побегнал.