62- годишниот Славе В од Прилеп поради повреди на вратот вчера побарал и бил примен на лекарски третман во хирушкото одделение. При интервенција на медицинскиот персонал за санирање на повредите на вратот, Вељаноски од засега непознати причини станал од хирушкиот стол и преку прозорец се фрлил од вториот кат на болницата, објави Канал 5.
Веднаш му била укажана лекарска помош и бил ставен на апарати за реанимација. Но, по неполн час тој починал.
Надлежните истражни органи сеуште работат на утврдување на причините зошто Велјаноски се фрлил низ прозор од хируршкото одделение на прилепската болница и починал.