Пациент се самоуби скокајќи од тераса од штипската болница


Пациент од пробиштипското село Трооло кој се лекувал на нервното одделение во Штип бил пронајден мртов на плочникот под болничката тераса висока десетина метри. Како што пишува Вест, се работи за 51-годишниот Р.Т: од Пробиштип чие безживотно тело  го забележале ученици кои случајно поминувале на местото на настанот.

policija srednaПадот се случил во моментот кога  персоналот се наоѓал на доручек, при што пациентот ја искористил приликата и излегол без да биде забележан од никого.

Истрагата треба да потврди дали пациентот кој не бил тежок случај, но имал сериозни семејни проблеми сам се фрлил од терасата или пак се работи за нешто друго.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1