Ај нека гласа некој против?! – Ким Јонг Ун освоил 100% од гласовите


Севернокорејските власти соопштија дека лидерот на државата Ким Јонг Ун на вчерашните парламентарни избори освоил 100 отсто од гласовите во неговата изборна единица, а медиумите пренесоа дека на гласање излегле сите запишани граѓани во земјата

kim-jong-unИзборите се одржуваа во карнавалска атмосфера со игри и веселби а во секоја изборна единица имаше само по еден кандидат за кого граѓаните можеа да го дадат својот глас.

Ким Јонг Ун беше кандидат во изборната единица 111 во планинска област на која и се припишуваат божествени особини бидејќи, според легендите, таму бил роден основачот на комунистичка Северна Кореја Ким Џонг Ил.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1