Од Автомото сојузот на Македонија поради високите температури препорачуваат патување во раните утрински и вечерни часови, со почести одмори и конзумирање повеќе безалкохолни пијалоци.
Оттаму информираат дека сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози. Препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.