ФОТО: Македонец си го осакатил лицето по убиството на 16-годишно девојче


“Ова го сторив за да не се заборави болката што ја предивикав”, изјавил во судницата 28 годишниот Македонец од Мелбурн Сашо Ристовски објаснувајќи ја тетоважата по целото негово лице. Ристовски е обвинет за убиството на својата девојка тинејџерка, 16 годишната Медисон Тилјард.saso-2-640x353

Ристовски под дејство на алкохол и амфетамини на 4 јули 2014 година предизвикал тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубила неговата девојка, а тој поминал без ниту една повреда.

Во знак на каење за неговото дело, Ристовски си го истетовирал целото лице за да „не се заборави“ болката што ја предизвикал. „Си го ставив ова ѓаволско мастило за да не се заборави болката што ја предизвикав“. Тој пред судот го признал делото опасно возење и предизвикување смрт и несовесно однесување со загрозување на човечки живот, пренесува порталот МКД.мк.saso

На денот на несреќата, Ристовски ја зел неговата девојка од некоја забава и ѝ рекол: Јас ќе те ставам во гроб до крајот на ноќта! Тој и на своите пријатели пред да замине од забавата им рекол – сите ќе ве ставам во гроб.saso-3-640x353

Ристовски порано работел во агенција за обезбедување. Еден ден пред несреќата, тој предизвикал сообраќајка губејќи ја контролата на спортскиот автомобил на татко му возејќи со 210 км/час.

Mkd.mk/ au.news.yahoo.com

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1